Хаос во Товарник, бегалците го пробија полицискиот кордон

Хаос во Товарник, бегалците го пробија полицискиот кордон
Хаос во Товарник, бегалците го пробија полицискиот кордон

Припадници на хрватската полиција за борба против нереди се обидува да ги стават под контрола се поголемите групи мигранти во пограничниот град Товарник, каде бегалците, кои доаѓаат од Србија се обидуваат да се качат на автобуси, кои патуваат кон внатрешноста на Хрватска, објави МИА.

Долги редици се формираа крај автобусите, кои патуваат на дестинации каде има центри за примање мигранти на други места во Хрватска.

Над сто полицајци за борба против немири беа распоредени за да ги контролираат групите и да ги држат настрана од железничката линија.

Во меѓувреме хрватска полиција соопшти дека повеќе не може да прима мигранти во земјата.

CROATIA-EUROPE-MIGRANTS

Денеска илјадници бегалци во Товарник се обудуваа да влезат во автобуси, кои едноставно ги нема во доволен број. Хрватскиот план за организиран превоз сепак се распадна денеска , кога околу 15.30 часот бегалците незадоволни , во стампедо го пробија полицискиот кордом кон местото каде што биле паркирани автобусите.

Погледнете што се случуваше:

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Хрватска на бегалците ќе им обезбеди безбеден транзит до центрите околу Загреб, но оти оние кои не бараат азил ќе бидат сметани за илегални имигранти.

Според него 6.500 лица влегле во земјата изминатите 24 часа.

Хрватска нема да може да прима повеќе луѓе, изјави Остојиќ во градот Товарник на источната граница на Хрватска со Србија. Кога рековме дека се подготвени коридори го имавме предвид коридорот од Товарник за Загреб – додаде Остојиќ.