Хеликоптерска несреќа во Нов Зеланд, седум загинати

Седум лица го загубија животот денеска во хеликоптерска несреќа која се случи во Нов Зеланд.

Несреќата се случила за време на разгледувањето од воздух на една од популарните туристички дестинации на Нов Зеланд, глечерот Фокс.

Остатоците од хеликоптерот се лоцирани, но поради непристапност на теренот спасувачите не можат да стигнат до местото.