Холандија е одговорна за смртта на 300 муслимани во Сребреница

Холандската држава е одговорна за смртта на 300 муслимани убиени од страна на српските сили во босанскиот град Сребреница во 1995 година, соопшти денеска Граѓанскиот суд во Хаг.

Судот пресуди во корист на тужителите, роднини на некои од жртвите во масакрот во Сребреница, во кој српските сили убија над 8.000 Бошњаци.

Сребреница во 1995 година беше под заштита на холандските миротворци, кои без борба го предадоа градот на српските сили под команда на генерал Ратко Младиќ. Тој во моментот е во Хаг каде  му се суди за воени злосторства.