ИД ќе напаѓа цели и во САД

ИД ќе напаѓа цели и во САД
ИД ќе напаѓа цели и во САД

Лидерите на џихадиситчката група Исламска држава (ИД) се решени во текот на оваа година да извршат напади врз цели во САД, тврдат американски разузнавачки извори.

Директорот на американската Национална разузнавачка агенција (ДНИ), Џејмс Клапер изјави дека ИД е во состојба да „насочи и да организира напади на голем број цели ширум светот“.

Првиот човек на американската Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА), генерал потполковник Винсент Стјуарт, вели дека ИД веројатно ќе изведе дополнителни напади во Европа, а потоа истото ќе го направи и на територијата на САД.

Според нив, американските разузнавачки служби веруваат дека лидерите на ИД се повеќе и сами ќе бидат вклучени во извршувањето на нападите, а не само да потикнуваат други да го прават тоа.

Клапер и Стјуарт говореа за безбедносните закани пред Комитет на американскиот Конгрес.