Идеалната тежина нема врска со вагата, туку со изразот на лицето

Идеалната тежина нема врска со вагата, туку со изразот на лицето

За да бидат попривлечни на спротивниот пол, жените во просек би требало да изгубат 6,3 килограми, а мажите 8,2, водејќи се според податоците за просечна тежина на луѓето во западните делови од светот. Тогаш доаѓа до промена на лицето, која сите ја приметуваат, тврдат научниците од Универзитетот во Торонто.

Значи, наместо макотрпните диети и вежбања, повеќе внимание би требало да му посветите на лицето, односно да изгубите толку килограми колку што е потребно за лицето да ви изгледа најубаво. Меѓутоа внимавајте, губитокот на премногу килограми, како и добивањето на тежина, може да го „деформира“ лицето.

Идеалната тежина е индивидуална работа и секој сам би требало да обрати внимание на која тежина неговото лице изгледа најубаво и според тоа да си ги прилагоди исхраната и вежбањето – или да се здебели, или да намали неколку килограми.

На пример, ако се гледа само на обемот на половината, може да се случи лицето да не биде толку убаво како што би можело.

Исто така, луѓето прво го приметуваат лицето, а дури потоа половината. Некои лица треба да изгубат повеќе килограми за да заблескаат, а некои помалку. Научниците тврдат дека баш тоа е совршен показател за здравјето и идеален носител на индексот на телесната маса. Како и да е, тие препорачуваат дека жените се почувствителни на промени од мажите, па повеќе треба да внимаваат на слабеењето.