Игор Југ го испрашуваше Манчевски: Какво оружје видовте дека носев?

Обвинетиот Игор Југ за насилствата во Собранието од 27 април минатата година, вкрстено го испрашуваше министерот Дамјан Манчевски.

Очигледно видовте оружје, но не знаете какво, така ли е? Може тоа да биде нож, хебла, пендрак, итн.?“ ,праша обвинетиот, кој повеќе пати го преформулираше прашањето заради приговори од Обвинителството.

Не сум експерт за оружје, се работеше за оружје кое може да се стави за задниот дел од панталоните, рече Манчевски.