Илјадници Грци на протест поради кризата и невработеноста

Протести на улиците, одложени летови, блокиран јавен собраќај, затворени училишта и болници што примаат само итни случаи е епилогот од 24 часовниот генерален штрајк на јавниот и приватниот сектор во Грција, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Кон штрајкот се приклучија и грчките медиуми, но тоа го сторија во текот на вчерашниот ден, за да може да извесуваат за денешните случувања.
Синдикатите го организираат штрајкот како знак на протест против континуираните мерки за штедење што се спроведуваат во рамките на напорите за надминување на финансиската криза во земјата. На улиците на грчката престолнина денеска протестираа неколку илјадници Грци, а протестите минаа без поголеми нереди и ескалација на насилство.
Во меѓувреме грчката Влада ги продолжуви преговорите со Меѓународниот монетарен фонд, Европската Комисија и Европската централна банка. Закучокот од последната рунда преговори со Тројката во Париз беше одложен поради несогласувањата за неколку прашања.
Четиригодишната криза во земјата во моментов резултира со невработеност од 25 отсто, додека меѓу младите луѓе таа изнесува дури 60 отсто.