ТОП,Македонија

Има ли Јанева храброст да одговори на дилемите на пратениците?

Има ли Јанева храброст да одговори на дилемите на пратениците?

На вчерашната седница на Комисијата за политички систем каде се разгледуваше Извештајот за работата на СЈО, само пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на седницата до Катица Јанева поставија вкупно 45 прашања, а делумен одговор добија само на 11 прашања.

За нетранспарентноста и неспособноста на Јанева да биде уште поголема, дури и на тие 11 прашања кои што таа се обиде да ги одговори, добиените одговори немаа никаква суштина и беа површни.

Стручната јавност во Република Македонија оваа ситуација и однесување во Собарнието на Катаица Јанева ја спореди со невидена катастрофа и ја претстави како преседан кои никогаш досега ниту еден државен функционер не си го дозволил во Собранието на Република Македонија.

На пример, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски до Катица Јанева упати 31 прашање, а доби одговори на само 7 прашања.

Останува да видиме дали Јанева на денешното продолжение на Комисијата за политички сиситем, конечно пред пратениците и македонската јавност ќе собере храброст и ќе даде одговори на сите прашања, дилеми и нејаснотии.