Свет

Индонезија: На 8.500 затвореници им се намалени затворските казни поради Божиќ

Индонезија: На 8.500 затвореници им се намалени затворските казни поради Божиќ

Околу 8.500 христијани, кои лежат во индонезиски затвори, добија намалувања на пресудите помеѓу 15 дена и два месеца по повод Божиќ , објави државната новинска агенција „Антара“. Портпаролот на затворската управа објасни дека станува збор за затворници кои покажале добро однесување. Благодарение на намалувањето на пресудите повеќе од 160 затвореници беа пуштени веднаш на слобода .

Индонезија традиционално ги намалува пресудите на затвореници со доаѓањето на верски празници или на националниот празник Денот на независноста.

Стотици индонезиски христијани учествуваа во божикна литургија пред претседателската палата во Џакарта, за да протестираат против затворањето на нивни цркви под притисок на муслимани фундаменталисти.

„Сакаме да го потсетиме на нашиот претседател уште еднаш дека тој не го реши прашањето со верската нетолеранција во оваа земја“, изјавил еден од демонстрантите.

Близу 90 проценти од 250-милионското население на Индонезија се муслимани и Уставот гарантира слобода на вероисповед. Но екстремистите кои потекнуваат од сунитско мнозинство ги малтретираат христијаните и муслиманските малцинства како што се шиитите, забележува „АФП“.