Додека во САД средбата на американската јавна обвинителка Лорета Линч со сопругот на Хилари Клинтон, Бил Клинтон се коментира како голем скандал, во Македонија специјалните обвинители се гордеат и јавно се дружат на јaвни приеми, и како тоа да не е доволен сам по себе скандал, ќерката на службеничката во амбасдата на САД која е задолжена за координација со СЈО секојдневно е на хулиганските протести организирани од СДСМ, пишува Инфомакс.
Додека амбасадорот на САД во Македонија Бејли изјавува дека тие биле тука за да и помогнат на државата, и да ја запрат настанатата криза (која впрочем ја финансира владината УСАИД), децата на неговите службеници се директно вклучени во предизвикување на хаосот по улиците, вандализам и насилство, во протестите организирани од страна на СДСМ. Имено, ќерката на Кристина Каранакова инаку вработена како лице за координација помеѓу Амбасадата на САД во Македонија и СЈО, Бисера Каранакова е активно вклучена во насилството и вандализмот кој го организира СДСМ со пари од Сорос и УСАИД, пишува порталот.
Бисера Каранакова е активно вклучена во насилството и вандализмот кој го организира СДСМ со пари од Сорос и УСАИД.
Инфомакс: Која е Кристина Каранакова?
Каранакова своевремено беше вработена како аналитичар во МВР, за подоцна да стане помошник-министер за меѓународна соработка во МВР се до доаѓањето на Доста Димовска. Откако раководната структура во МВР се смени, Каранакова ја користи претходната позиција и контактите за да лобира во Амбасадата на САД и да се вработи како советник на тогашниот амбасадор на САД во Македонија. За ова, таа бара препораки од тогашното раководство на МВР.
Во овој период за Каранакова во јавноста излегоа голем број шпекулации за нејзина наводна афера со Љубомир Фрчковски, кој тогаш само што ја започна професорската кариера откако претходно ја напушти власта.
Ќерката на Кристина Каранакова, Билјана Каранакова на свои 33 години денес е фронтмен на насилните протести организирани од СДСМ, а финансирани од странски организации како што се организациите на Сорос и УСАИД (Владата на САД).
Освен понежната половина од семејството Каранакови, во анти-државната кампања е вклучен и сопругот на Кристина, Влатко Каранаков. Имено, Влатко Каранаков, сопругот на Кристина Каранакова е член на т.н „Професорски Пленум“ како редовен професор на факултетот за дизајн, и доктор по дрвоиндустриски науки. Празните повици на амбасадорот Бејли за демократија, слобода на говор и елиминирање на некакви политички притисоци врз судството паѓаат во вода, и се тотално нерелевантни знаејќи ги фактите изнесени погоре. Да биде трагедијата поголема, токму Бејли пред неколку недели организираше состанок со претседателот на Врховниот суд на кој сигурно не се зборувало за топлото време, туку се аплицирал притисок за спроведување на политичките монтировки кои, Кристина Каранакова ги координира заедно со СЈО, а во име и по наредба на Амбасадата на САД. Состанокот на Бејли со претседателот на Врховен не е единствениот случај на вршење на притисок на судската власт во државата. Имено, се почести се сведоштвата на вработени во судовите (административци, судии) кои искажуваат загриженост и нервоза поради секојдневното и постојано присуство на службеници од амбасадата во скопските судови. За ваквото брутално вмешување во судската власт во државата од која доаѓа Бејли, досега не е познато, но она што е познато и што предизвика скандал во САД изминатитве неколку дена е наводна тајна средба помеѓу Бил Клинтон и обвинителката која требала да ја гони неговата сопруга Хилари Клинтон во случајот со приватниот е-маил сервер, пишува Инфомакс.