Inventor professional-летниот камп на „Аутодеск Македонија“ за 3DS MAX / V-RAY, со сертифициран предавач од Австралија

Од 14 до 24 јули во Охрид, „Аутодеск Македонија“ ќе одржи летен камп во кој учесниците ќе слушаат предавања за софтверот 3ds MAX/ V-Ray. Кампот е наменет за професионален тренинг и обука на архитекти, дизајнери, ТВ и филм артисти, „девелопери“ на игри и CG артисти.

Предавањата ќе ги одржуваат тројца инструктори и тие ќе се одвиваат по двапати во денот.

obuka

На крајот од обуката, учесниците ќе добијат сертификат од „Аутодеск УСА“ кој е признаен во цел свет, како и едукативни материјали, во електронска форма.

На 23-ти јули во 15 часот, ќе се одржи предавањето на австралијанецот со македонско потекло, Жарко Грчаревски. Предавањето е бесплатно, а намнето исклучиво за машински инженери и лица од лимарската индустрија. Предавањето ќе биде за софтверот inventor, како и за разни инсталации кои се користат во оваа индустрија.

diplomi koj se dobivaat

„Аутодеск Македонија“, планира од септември оваа година, ова предавање да биде дел од нивната понуда на програми.
„Со Жарко преговараме за долгорочна соработка и чест и задоволство ни е што тој дојде од Австралија за да предава во нашиот летен камп“, вели Никола Кумев, инструктор за 3DS MAX на „Аутодеск Македонија“.

Кумев додава дека пријавувањето на кандидатите се врши ислкучиво по електронски пат и тоа на маил адресите: [email protected] и www.autodeskmakedonija.com.

„Местата се ограничени, пријавувањата за предавањето на инструкторот од Австралија трае до 22 јули. Важно е да се напомене дека предавањето е бесплатно“, додаде Кумев.

obuka1

„Аутодеск Македонија“ е компанија која веќе три години има лиценца од „Аутодеск УСА“ и работи како тренинг институт за обезбедување на високо квалитетен тренинг за софтверите на Autodesk.

Освен во Скопје, компанијата свои курсеви одржува и во Штип и Битола, а во иднина планира да се прошири и надвор од македонските граници.

kamp2

„Откако ја добивме потребната лиценца од „Аутодеск УСА“, почнавме да размислуваме и за проширување со отворање на тренинг центри надвор од Македонија, односно во Приштина, Тирана, Белград, Ниш, Нови Сад и Софија. Во моментов нашата енергија е насочена кон подготовка на обуката, маркетингот и се она што е потребно за да функционираат центрите за обука“, завршува Кумев.

Кој е Жарко Грчаревски?

DSCN0716 - Copy

Жарко Грчаревски е нашинец од Битола, кој во 1995 година заминува за Нов Зеланд, а оттаму се сели во Австралија. Работи во неколку компании за лимена амбалажа, а од 2007 година активно е вработен како предавач, инструктор и технички консултант во неколку компании како Envizion, AEC, а денеска е дел од тимот на A2K Technologies. A2K Technologies е најдобрата школа за online техничка поддршка во Австралија. Компанијата засега е распространета на пазарот во Австралија, Нов Зеланд и Кина, со планови за проширување и на Европскиот пазар.

plakat