
Од буџетот на општина Радовиш ќе бидат инвестирани 500.000 евра во уредување на патната инфраструктура во општината. Ќе се асфалтираат локални улици во с.Калугерица, населба: Раклиш: ул. „Дане Трајков“, ул. ,,Браќа Миладинови“, ,ул. ,,Корча маало“ и крак ,,6-Ноември“ од Радовиш.
– Нашето ветување дадено кон граѓаните во 2014 год. го остваруваме благодарение на посветеноста на службите на општина Радовиш, вложивме голем труд и енергија со цел да ја подготвиме проектната документација, да ги усогласиме сите законски процедури, за да можеме денес да го имаме задоволството и да ја реализираме оваа наша замисла, изјави градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов.
Паралелно со овој проект се реализира уште еден проект за поплочување со бехатон плочки на пристапни улици во село Сулдурци, крак на ул: ,,Калаузлиска,, како и улица во Радовиш позната како ,,Габрешко маало“.