Исчезна малолетничка од Струмица

Вчера околу 20:35 часот, 49 годишниот В.С. од село Баница во полициската станица во Струмица ја пријавил за исчезната неговата ќерка.

Девојчето е малолетно и има само 16 години.

Од страна на полициските службеници се преземаат мерки за пронаоѓање на девојчето.