Исчезнатата 14 – годишна Ивана пронајдена мртва

Четиринаесетгодишната Ивана Подрашчиќ која беше пријавена за исчезната пред повеќе од два месеци е пронајдена мртва во напуштена куќа во Раковица.

Како што пишуваат српските медиуми инспекторите успеале да го разрешат ова свирепо злосторство, а човекот за кој постои сомнеж дека е убиецот, и кој има дебело криминално досие, веќе е уапсен.

Девојчето, според тврдењата на родителите, на 29. јули излегло со пријателите и оттогаш никому не се јавило. Нејзиното исчезнување во полиција го пријавил нејзиниот татко.