Исчистете ги белите дробови со едноставен напиток

Ако сте пушач или поранешен пушач веројатно вашите дробови се полни со токсини од цигарите. За да ги прочистите нема да ви биде потребно чудо, туку напиток со лековити својства, направен од трите растителни билки за јакнење на имунитетот – ѓумбир, кромид и куркума.

За чудотворниот напиток кој ги чисти белите дробови потребно ви е:

-1 литар вода

-400 грама кромид

-400 грама шеќер (како замена може мед или јаворов сируп)

-2 лажици куркума

-корен од ѓумбир со големина на палец

Начин на подготовка:

Шеќерот додадете го во водата, ставете на рингла и оставете да зоврие.

Главицата кромид исечете ја на четвртинки и заедно со коренот од ѓумбир додадете ги во благата вода. Кога смесата повторно ќе зоврие додадете ја куркумата и варете ја смесата на пониска температура.

Смесата нека се готви додека количината на вода двојно не се намали. Потоа процедете ја смесата и ставете ја во тегла. Кога ќе се излади потполно ставете ја во фрижидер и таму чувајте ја цело време.

Земајте две лажици од овој еликсир наутро на празен стомак и навечер два часа по оброкот.