„Исламската држава“ од нафта заработува по два милиони долари на ден

„Исламска држава“ од нафтата заработува 800 милиони долари годишно или два милиона долари на ден, се наведува во студијата објавена на американскиот експертски сајт ИХС.

Терористичката група генерира значителни приходи иако користи само дел од нафтените капацитети во териториите кои ги има заземено. ИД ја продава нафтата со многу пониска цена на црниот пазар.

ИХС оценува дека ИД контролира производствен капацитет од 350.000 барели на ден, но произведува од 50.000 до 60.000 барели. Барел нафта просечно продава по 40 долари, додека на светските берзи барел нафта „брент“ во моментот чини 85 долари.

– ИД нафтата ја транспортира со камиони по илегални патишта преку турската граница, посочува ИХС.