Свет

Историски грабеж во Чиле, украдени седум милиони долари

Историски грабеж во Чиле, украдени седум милиони долари

Група од осум маскирани вооружени лица украле седум милиони долари од блиндирано возило на аеродром во Сантијаго, главниот град на Чиле.

Чилеанските власти велат дека тоа претставува најголемиот грабеж во историјата на земјата.

Напаѓачите на аеродромот пристигнале со три возила и ги блокирале чуварите што го следеле возилото на американската компанија за обезбедување „Бринкс“.

– Првичната истрага покажува дека се украдени над четири милијарди пезоси или околу седум милиони долари, но се уште не е позната точната сума, изјави обвинителот Луис Пабло Кортес.

Камионот превезувал пари, кои требало да бидат пренесени со авион во банка во северниот дел на Чиле.