понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 33

Истрага: Двајца од напаѓачите во Брисел се разнеле, по третиот се трага

Белгиските медиуми објавија снимки од безбедносните камери кои ги покажуваат осомничените за нападите на аеродромот, за кои одговорноста ја презеде таканаречната Исламска држава.

Истрага: Двајца од напаѓачите во Брисел се разнеле, по третиот се трага

Истрага: Двајца од напаѓачите во Брисел се разнеле, по третиот се трага

Поврзани вести

Белгиските власти веруваат дека двајца од напаѓачите се разнеле во денешните терористички напади на аеродромот Завентем во кој загинаа најмалку 14 лица, додека третиот е во бегство, информира белгискиот државен обвинител.

По третиот напаѓач полицијата издала потерница, пренесува Танјуг.

Слики од безбедносните камери покажуваат човек со очила и брадичка во светла виндјакна и со црна шапка како турка количка на која се наоѓа голема црна торба.

Белгиските медиуми објавија снимки од безбедносните камери кои ги покажуваат осомничените за нападите на аеродромот, за кои одговорноста ја презеде таканаречната Исламска држава.

На снимките се гледаат тројца мажи како туркаат количка со кофери во зоната за чекирање на аеродромот. Двајца имаат темна коса, а еден носи шапка.

Во денешните терористички напади на бриселскиот аеродром и метро станицата во центарот на градот, загинаа најмалку 34, а повредени се 200 лица, од кои некои се наоѓаат во критична состојба.

Осомничените на аеродромот донеле три бомби од кои една не експлодирала туку подоцна е уништена.

Нападот на аеродромот беше изведен околу осум часот утринава кога две силни експлозии го потресоа главниот хол на аеродромот, а белгискиот обвинител изјави дека во нив учествувал барем еден бомбаш самоубиец. Третата експлозија го погоди возот во метро станицата Малбек, во центарот на градот токму во време на сообраќајниот шпиц.

Најчитани вести