Итингер: Буџетот на ЕУ ќе биде покус до 12 милијарди евра годишно по Brexit

Буџетот на Европската унија ќе биде покус за 10 до 12 милијарди евра по Brexit-от, па Велика Британија ќе мора и натаму да ги исплаќа долгорочните програми на Европската унија до 2020 година, дури и откако ќе го наушти сојузот во 2019 годин, изјави Гинтер Итингер, комесар за буџет и човечки ресурси во ЕУ за германскиот весник Bild.

Итингер вели дека Велика Британија мора да ги почитува обврските кои ги преземала за долгорочните програми пред минатогодишниот референдум за истапување од Европската унија коешто треба да биде завршено до март 2019 година, се наведува во изданието на Bild понеделникот.

Според прогнозите британското истапување од блокот ќе создаде „дупка“ од 10 до 12 милијади евра годишно.

„Поаѓам од тоа што тие милијарди коишто ќе недостасуваат ќе бидат копмензирани од штедењата и повисоките придонеси од страна на земјите членки“ на Европската унија, вели еврокосемсарот Гинтер Итингер.

„Како резултат на тоа, Лондон ќе мора да трансферира средства во Брисел најмалку до 2020 година“, тврди Итингер.

Додава дека очекува оти Германија ќе има дополнителни трошоци во износ од неколку милијрди евра, како последица на британското напуштање на Унијата.

Итингер, исто така, вели дека јазот дополнтелно би можел да се надомести со буџетски кратења и поголеми исплати на членките, но и дека ЕУ покрај тоа би можела да заштеди пари со укинување на попустите за коишто се договораше изминатие години со земјите членки, вклучително и со Велика Британија.

Претходно во неделата британскиот весник The Telegraph, повикувајќи се на извори во британската влада, објави дека Лондон е подготвен да испати до 40 милијарди евра за да ги затвори своите финансиски обврски кон ЕУ по излегувањето.

Одлуката за напуштање на Европската унија, Британците ја донесоа на референдумот од 23 јуни 2016 година со тесно мнознство што претставуваше своевидно изненадување. Лондон на 29 март 2017 година официјално го започна процесот на раздружување предавајќи му го на челникот на Европскиот совет, Доналд Туск, писмото со соодветното известување. Според правилата утврдени во членот 50 од Лисабонскиот договор за истапување од ЕУ, Велика Британија мора да го заврши овој процес до 29 март 2019 година, односно точно по две години од неговото започнување.