Итна евакуација: На Вембли најдена бомба тешка 50 килограми

Британската полиција ги затвори патиштата и ги евакуираше луѓето од околу 100-тина  куќи во близина на стадионот Вембли во Лондон за припадниците на војската да ја деактивираат неексплодираната бомба од Втората светска војна.

bombaaaa_vembli_naslovna

Бомбата, која тежи околу 50 килограми вила откриена од страна на градежни работници кои работеле во близина на стадионот. Се верува дека била фрлена за време на германските воздушни напади во почетокот на 40-тите години на минатиот век, пренесува агенцијата АП.

Портпаролот на војската вели дека бомбата е во „потенцијално опасна ситуација“ и дека контролираната активација би можела да претставува опасност по животот на луѓето, како и дека би можела да биде нанесена штета на имотите.