Итна помош од Јапонија како одговор на катастрофалните поплави

Владата на Јапонија денес донесе одлука да и’ додели на Република Македонија итна хуманитарна помош во вид на опрема (генератори, итн), преку Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА), како одговор на барањето на Владата на Република Македонија, испратено веднаш по сериозните штети настанати од поплавите во земјата.

Скопскиот и тетовскиот регион настрадаа од поплавите настанати како последица на поројниот дожд од 6-ти август. Локалните власти и медиуми соопштија дека заклучно со 15-ти август, во 17 часот (по јапонско време), 22 лица се починати и приближно 25.000 лица се погодени од поплавите.

Владата на Јапонија одлучи да обезбеди итна хуманитарна помош за настраданите во знак на пријателските односи меѓу Јапонија и Република Македонија.