Иванов: Ние сме луѓе со чист образ и затоа повторно да бараме доверба од вас

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ денеска сретна со граѓаните од Ранковце и од нив побара по втор пат да му ја дадат довербата.

Поддржан од „Коалицијата за подобра Македонија“,  тој нагласи дека зад него  стојат политичари со програми кои даваат отчет за тоа што го сработиле, и што може да го види секој граѓанин.

Иванов нагласи дека минатите години во услови на голема економска криза успеаа во Македонија да отврат 120.000 работни места, истакнувајќи дека токму по тоа се цени полтиката.

„Политика не се вреднува по убави говори и празни ветувања. Туку по тоа колку нови работни места се отвораат. Така е кај нас. Така е и во свето.  Политика не се вреднува по убави говори и празни ветувања. Туку по тоа колку нови работни места се отвораат. Така е кај нас. Така е и во светот. За тие нови работни места многу придонесоа технолошко-индустриските развојни зони. Проектирана е развојната зона „Ранковце“. Изведбата  на првата фаза е во тек и се очекува да заврши следниот месец. Во оваа зона предвидена е изградба на 18 градежни парцели организирани во два блока, а за изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура, Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра. Сигурен сум дека наскоро ќе дојдат странски компании кои ќе инвестираат во оваа развојна зона. Успесите кои ги постигнавме со другите развојни зони, ни даваат за право да го кажам ова. Технолошко-индустриската развојна зона се наоѓа на атрактивна локација на Коридорот 8 меѓу градовите Куманово и Крива Паланка, оддалечена околу 40 км од граничниот премин „Деве Баир“ кон соседна Бугарија и на околу 50 км од граничниот премин „Табановце“ кон Србија, како и на 70 км од Аеродромот „Александар Велики“. Ниедна развојна зона не може успешно да функционира без патна инфраструктура“, рече Иванов.

Тој истака дека во општина Ранковце се вложени значајни финансиски средства за подобрување на локалната патна инфраструктура.

„Проектот патна делница Куманово граница со Р. Бугарија, делница Ранковце – Крива Паланка, во вредност од околу 66 милиони евра за кој веќе е поднесена апликација до Светската банка ќе се реализира во период од 2015 до 2018 година. Оваа делница е важна за цела Македонија“, посочи Иванов.

Додаде дека она што најмногу го радува е барањата на граѓаните е да се отвораат градинки, што според него е  одличен показател за иднината на Македонија.

„Затоа посебно ме радува отворањето на детската градинка „Детелинка“, сместена во просториите на ООУ „Христијан Тодоровски-Карпош“, со капацитет за 26 деца. Во Ранковце се раѓаат деца. Тие деца утре ќе имаат потреба од спортска сала и фудбалско игралиште, што веќе ги имаме. Среќно детство. Радост за родителите и спокојна старост за нашите дедовци иобаби.  Во таква држава сакаме да живееме и таква и ја правиме. Секаде каде што одам, пензионерите ми кажуваат за зголемените пензии. А, овие луѓе од Владата, точно пресметале – растот на просечната пензија е 62%“,  истакна Иванов.

Тој нагласи дека во овие години преку тимска работа, сложно и единствено, со цел промовирање на Македонија и привлекуваме странски инвестиции, обезбедувал политичка поддршка и пријатели, кои ќе ги поддржаат проектите на Владата на Република Македонија.

Најголем дел од времето, како што рече Иванов, посветил на прашањето за разликата околу името.

„Проблем што ни го оставија во наследтсво, ние да го решаваме. Имам јасен став, за кој знам дека имам поддршка од граѓаните. Ниту  прифатив ниту ќе прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања. Јас сум претседател кој го слуша својот народ и секаде каде шти одам сум глас на мојот народ и вашите потреби и барања“, истакна Иванов.

Посочи и дека луѓето во Макледонија се познати по гостопримеството, дека македонсцит  се отворени луѓе, добри соседи, гостопримливи кон добронамерниците.

„Тие принципи се и мои принципи во надоврешната политика, во градењето на добрососедските односи, во регионалната соработка. Србија и Бугарија се блиску до Ранковце. Со добра патна инфраструктура, со развојната зона, ќе се заживее и прекуграничната соработка. Знаеме што сакаме, и знаеме каде да одиме. Знаеме како Македонија да ја напрвиме развиена и просперитетна земја. Земја во која децата ке се радуваат, родителите ќе работат, а пензионерите ќе имаат спокојна старост. Така се гради Европа во Македонија. Така се градат еврпските принципи во  Македонија. Со конкретни дела и проекти. Затоа ни е потребна соработка на сите институции во Македонија. Да се соработува,  а не да се конфронтира и блокира“, посочи Иванов од говорницата во Ранковце.

Иванов истакна дека луѓето од коалицијата „За подобра Македонија“ не го дават лесно свој збор.

„Тоа што ќе го кажеме го исполнуваме. Ние сме луѓе со чист образ и затоа доаѓаме повторно да бараме доверба од вас“, рече Иванов пред граѓаните на Ранковце.