Пред неколку дена се одржал неколкучасовен состанок на поширокиот состав на раководството на СДСМ со пратеничката група од оваа партија, брифираат извори од СДСМ за Нетпрес.
Состанокот се одржал во седиштето на партијата каде повеќе од пет часа „се пеглале“ повеќе теми кои како недоразбирање постоеле подолг период во јадрото на партијата. На состанокот се разговарало за стратегијата според која СДСМ како опозиција треба да делува. Во еден момент, поради спротивставените ставови ситуацијата зоврела кога заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска водела жестока вербална полемика со Јани Макрадули. Ситуацијата колуминирала кога започнала вербална расправија помеѓу Јани Макрадули и пратеникот Марјанчо Николов, која според очевидците за малку ќе завршела со физичка пресметка која била избегната со асистенција на присутните на состанокот.
Инаку според информациите, не е прв пат да има вакви агресивни и нервозни реакции на првенците на СДСМ и според очевидците подолг период се акумилирало меѓусебнмо незадоволство, гнев и омраза помеѓу некои членови од раководството на СДСМ.