среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 0

Избрани надобрите училишни веб-страници

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово и средното „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се првонаградени на јавниот повик на Министерството за образование и наука за најдобра училишна веб-страница во категориите за основни и за средни училишта.

veb-stranici-shkolo-1

Последни вести

Основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово и средното „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се првонаградени на јавниот повик на Министерството за образование и наука за најдобра училишна веб-страница во категориите за основни и за средни училишта.

Во потесен избор меѓу основните училишта беа и „Ванчо Прке“ од Штип и „Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, а во категоријата средни училишта – „Здравко Цветковски“ од Скопје и „Наум Наумовски-Борче“ од Крушево.

Првонаградените училишта во двете категории ќе добијат награда интерактивна табла, а за четирите училишта кои беа во најтесен избор  – пофалници за изразената креативност.

Наградите денеска ги соопшти заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој истакна дека целта на започнувањето на проектот за избор на најдобра училишна веб-страница минатата година е да се потикне креативноста и квалитетот во изработката на училишните веб-страници кои се алатка за информирање на учениците, родителите и наставниците.

– Јавниот повик за избор на најдобра училишна веб-страница за учебната 2014/2015 година беше наменет за сите основни и јавни средни училишта во Република Македонија. Училиштата се пријавуваа со една веб-страница која е изработена од страна на редовни ученици предводени од најмалку еден наставник вработен во училиштето. Оваа година до нас стигнаа 17 валидни пријави, односно 10 пријави во категоријата за средни училишта и седум пријави во категоријата за основни училишта, рече Ристовски.

Најдобрите училишни веб-страници ги избра комисија составена од претставници на министерствата за образование и за информатичко општество, Бирото за развој на образованието и од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Најчитани вести