ВИДЕО: Изгоре до темел една од најстарите цркви во Македонија

Голема трагедија вчера ја натажи Македонија. Изгоре една од најстарите цркви, „Свети Спас“ во беровски Владимирово. Причина за пожарот биле свеќите кај олтарот чии пламени се споиле и предизвикаа јазли од оган. За време на пожарот во црквата имало голем број на верници. Жителите на Владимирово учествувале во гаснењето на пожарот.

Значењето на оваа црква за граѓаните е големо. Црквата имала повеќе стари икони заштитени од државата. Освен тоа, олтарот на оваа црква бил правен на Света Гора.