Изгоре „шкода јети“ во Капиштец

Утрово, на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Капиштец изгорел автомобил „шкода јети“. Пожарот е локализиран. Извршен е увид од МВР и е започната истрага за откривање на причините кои довеле до опожарувањето на возилото како и целосно расчистување.