Изграден мост на Злетовска река кај Жиганци

Заврши изградбата на новиот мост на  Злетовска река кај село Жиганци кој ќе ги поврзува општините Чешиново Облешево и Пробиштип.
– Новиот мост на Злетовска река  е долг 51 метар, широк 5,9 метри и има носивост од 15 тони. Мостот има регионален карактер и ги поврзува селата Жиганци и Пишица во двете општини Чешиново Облешево и Пробиштип, изјави Филип Михајловски, раководител на објект при „Примоградба“ од Штип.
Средствата за иградбата на мостот се обезбедени преку Програмата за рурален развој, за што се издвоени 20 милиони денари. Финансиско учество од 1,5 милион денари во изградбата на мостот имаше и општина Чешиново Облешево. Поврзувањето на двете села до мостот во должина од 1 километар ќе го направат двете општини.