Изложбата на фотографии „Од Константинопол до Истанбул“ во Скопје

Изложбата Збирка на фотографии за Босфорот од средината на 19 век до 20 век наречена „Од Константинопол до Истанбул“ ќе биде отворена вечерва во Националната галерија во Скопје и ќе може да се погледне до 30 март.

Изложбата организирана во рамки на проектот „Меѓукултурен уметнички дијалог Турција-Балканскиот Полуостров“ во соработка со Пера Музејот на Фондацијата на Суна и Инан Крач, Истанбулското Здружение за меѓукултурна уметничка соработка ИКАДС и Институтот Јунус Емре е подржана од Националната Комисија на УНЕСКО на Турција.

Изложбата „Од Константинопол до Истанбул“ – од средината на 19. век до 20. век го претставува некогашниот Истанбул со грандиозните објекти,секојдневниот живот и интересните личности. Изложбата под кураторство на М. Синан Геним ги претставува делата на мајсторите на фотографијата од тоа време. Оваа изложба е подготвена од Колекцијата на фотографии на Фондот Суна и Инан Крач.

Претходно изложбата беше претставена во Сараево и во Тирана.