Крими хроника

Ја истепал мајка си, па му се навртел на братот

Ја истепал  мајка си, па му се навртел на братот

Семејна драма се случила во понеделникот во семејната куќа на скопјанецот С.Н. (34), кој по претходна вербална расправија, почнал со перница да ја удира својата мајка, а откако брат му се обидел да го спречи во тоа, С.Н. со тупаници  почнал да го удира и него нанесувајќи му видливи телесни повреди.

Братот на пријавениот успеал да избега од дома и да го пријави настанот во полиција.

С.Н бил  веднаш приведен во полициска станица и по извршениот разговор бил ослободен.
Но, откако пристигнал дома, повторно продолжил со малтретирање на неговата мајка удирајќи ја со тупаници по главата и телото по што таа паднала на земја, а потоа влечејќи ја за нога ја извадил надвор од нејзиниот дом и ја заклучил влезната врата.

Мајката го пријавила настанот, за што С.Н. повторно бил приведен.

Инаку пријавениот С.Н. уште како малолетник е познат сторител на кривични дела и против него се поднесени 12 кривични пријави (за кривични дела од областа на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, тешка телесна повреда, лажно пријавување кривично дело, кражба, одземање моторно возило, тешка кражба, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги), а за дел од нив му се изрекувани мерка засилен надзор од родител-посвоител, две условни осуди и четири казни затвор.