Јаким Неделков од СОНК ја губи поддршката

Јаким Неделков претседателот на СОНК се повеќе ја губи поддршката од членовите на СОНК, бидејќи вчера членовите на синдикатот ги нарече обични читачи кои ќе одговараат за клевета само затоа што му се спротивставија јавно, објави порталот Курир.

Порталот пишува дека оваа негова дрска и недолична изјава од вчера,  денес предизвикала уште поголем револт на членството на СОНК и се поголемо спротивставување на неговото самоволие.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков во вчерашната изјава за вестите на телевизија Телма ги нападна и ги навреди членовите на неговиот синдикат кои јавно искажаа несогласување со него.

Со оваа изјава Неделковски покажа дека не го почитува туѓото мислење и се обидува неговиот став за штрајк, на сила да го наметне врз целото членство на СОНК.

Оваа одлука според членовите на СОНК е донесена во тесен круг на луѓе од раководството на синдикатот и за тоа не биле консултирани ниту членовите, ниту регионалните ограноци на СОНК. Тие посочија дека овој чекор Јаким Неделков и неговите најблиски соработници го превземаат од лични причини во пресрет на изборите за ново раководство на синдикатот најавени за оваа есен.

Соочен со фактот дека ја губи поддршката од базата, Јаким Неделков се почесто и понервозно ги напаѓа своите членови и јавно ги навредува.

Членовите на СОНК кои вчера јавно му се спротивставија на раководтсвото на синдикатот, Јаким Неделков ги нарече читачи на однапред напишани текстови и им се закани со тужби за лаги и лични клевети.

Дополнителен доказ дека Неделков ја губи довербата, е фактот што наставници од цела Македонија одбија да се појават на најавениот штрајк.