Јакимовски: Сценариото на СДСМ е насилен влез во Уставниот суд за бегство од изборите на 5. јуни

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој го предводи мирниот собир пред Уставниот суд, како што вели, во одбрана на Судот, смета дека протестот од СДСМ за Уставниот суд е дел од едно поголемо сценарио кое треба да се спроведе за да се одложат изборите кои се закажани за 5 јуни.

-Тоа сценарио веќе одамна е напишано, сценарото беше да се влезе насила во Уставниот суд, да се направи овде хаос, дека практично со тоа се руши уставниот поредок. Во исто време бегалците да влезат преку граница и во Македонија да настане безбедносен хаос. Тоа сценарио уште трае со цел да се создаде ситуација во која во Македонија не постојат безбедносни и институционални услови за да се извршат изборите на 5-ти јуни. Но, јас сум убеден дека тоа нема да го дозволиме, истакна Јакимовски во изјава за ТВ Нова.