Јакимовски: Спасовски да се зафати со безбедносните проблеми и закани

Јакимовски: Оваа политичка разрешница го открива вистинското лице на СДСМ

Спасовски треба да се зафати со вистинска работа, со безбедносните проблеми и закани, а не со тривијални работи, како што гледаме два – три дена назад, посочи лидерот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Стевчо Јакимовски на денешната прес конференција, што се оддржа по повод бегалската криза.

Ние вчера видовме, изјави на самиот почеток претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, дека и Словенија ќе поставува ограда на нејзината граница кон Хрватска, според она што го изјави словенечкиот претседател. Тој дури ги повикал и Хрватска  и сите други земји во регионот да постават исто така мрежи и огради, сé до изворот на проблемот, а очигледно изворот на проблемот е Грција, констатираше Јакимовски.

Со ова, продолжи тој, сметам дека Република Македонија не треба да доцни, туку напротив, на време да си преземе мерки за безбедноста, и треба, идентично да реагира како што веќе постапуваат три рамноправни членки на Европската унија: со поставување на жичани огради на нивните граници.

Ова е вистинска причина да почне да работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој што се однесува како слон во стакларски дуќан. Тој треба да се зафати со вистинска работа, со безбедносните проблеми и закани, а не со тривијални работи, како што гледаме два – три дена назад. Поточно, тој  прво почна со одеземање на ингеренциите на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Прашувам дали сме свесни каков безбедносен проблем ни се случува? Дали сега четирите големи политички партии видоа што направија? Сега од една Влада во Република Македонија, имаме две влади и тоа во најсуптилен временски период, кога се јавува оваа бегалска криза а притоа се повеќе се шират гласини дека се прави концепт во Македонија да се задржат повеќе од 30.000 бегалци. Тоа со гаранција ќе биде огромен безбедносен проблем на државата. Оттука, ние од ГРОМ сакаме да апелираме и да укажеме на сериозноста на ситуацијата со безбедноста во наредниот период и да укажеме на она што значи одговорност на претставниците на Владата на Република Македонија, а посебно на главните актери во Владата на Република Македонија.

Одговарајќи на новинарското прашање за ставот на ГРОМ за одземање на овластувањата во МВР, Јакимовски повтори, дека министерот создава безбедносен проблем. Ако продолжи така да се однесува, рече Јакимовски, има решение, а тоа е  Парламентот да го разреши.