Македонија

Јанкулоска: Петмина загинати и над 30 повредени полицајци

Јанкулоска: Петмина загинати и над 30 повредени полицајци

Во полициската акција во Куманово, која што се’ уште не е завршена, животот го загубија пет припадници на безедносните сили, изјави предмалку министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Жарко Кузмановски (1981) од Брвеница – женет и татко на две деца, потоа Сашо Самојовски од Брвеница (1982) – женет и татко на две деца, Ненад Серафимовски на (1987) години од  гостиварското село Зубовце, на и уште двајца полицајци чии семејства се’ уште не се известени.

Повеќе од 30 полицајци се повредени во вооружената престрелка која трае повеќе од 16 часа.

„ Сакам да им се поклонам и да им изразам сочуство на семејствата на овие патриоти кои вечно ќе ги паметиме. Вечно ќе ја паметиме и храброста на останатите 30 тина припадници на специјалните единици кои беа повредени во денешната акција. Сите тие покажаа невидена воља и пожртвуваност во заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, без разлика на нивната етничка припадност или вероисповест. Сите рамо до рамо се бореа против една исклучително опасна, терористичка групација која беше огромна закана по државните институции, но и по безбедноста на сите граѓани. За жал шестмина од повредените колеги беа погодени од огнено оружје пред еден час, при чистењето на теренот, откако поголема група на терористи одлучи безусловно да се предаде“, рече Јанкуловска

Во моментот се’ уште трае операцијата и ќе продолжи се додека полицијата не се осигура дека е неутрализиран и последниот терорист

Терористите прижале отпор и пукале во полицијата со гранати, бомби, автоматско оружје и снајпери. Поголем  дел од групата е совладана по 18 часот. Првата група од 20 лица безусловно се предала, но во околните куќи останала уште една група која одбила да се предаде. Токму во престреклата со нив, настрадале полицајците.

Како што информираше министерката, ситуација на терен е се’ уште ризична.

Официјална информација за загинати цивили нема, како и за жртви од страна на терористите.