Јапонија: Осуденик на доживотен затвор ослободен по 34 години поминати во ќелија

По 34 години поминати во ќелија, поради издржување на доживотна казна во Јапонија на слобода беше пуштен еден од најпознатите затвореници во земјата. Седумдесет и осумгодишниот Ивао Хакамада кој уште минатиот век е осуден на смрт за убиство, вчера беше ослободен, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Окружниот суд во градот Сидзуока одлучи повторно да го отвори случајот и да ги преразгледа доказите. Судот исто така ја поништи смртната пресуда и нареди затвореникот да биде ослободен.