Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 31-ви март

Јапонскиот цар Акихито, кој е на 83-годишна возраст, ќе абдицира на 31-ви март 2019 година, пишува во петокот токискиот дневен весник Asahi Shimbun цитирајќи владини извори за првата царска абдикацја во Јапонија по повеќе од 200 години.

Според сознанијата на весникот, јапонскиот премиер Шинзо Абе треба да се сретне со функционери и членовите на царската палата во ноември, пред официјално да го објави датумот на кој царот Акихито ќе се одрече од престолот.

Царот Акихото минатата 2016 година ја шокираше изразено конзервативната и традиционалистичка Јапонија изразувајќи желба да се повлече од престолот по три децении владеење, а како причина ја наведе својата поодмината возраст и здравствените тешкотии.

Поради оваа ненадејна појава искрснаа проблеми бидејќи ниеден закон во Јапонија не предвидува пензионирање на царот, имајќи предвид дека станува збор за доживотна должност. Тога, исто така, започна широката расправа за наследувањето на тронот, кој според законот, е можно по машка линија.

Во јуни годинава јапонскиот парламент го прифати законот со кој му се дозволува на царот Акихито абдицирање поради возраста во рок од три годии отстапување на сила на законот.

Постариот син на царот, престолонаследникот Нарухито, кој сега има 57 години, би требало да го наследи престолот на хризантемата на 1-ви април.

Акихито, инаку, е првиот јапонски цар во историјата кој не е сметан за божествен, а со децении во татковината и во странство работеше на тоа да го олесни тешкиот товар од Втората светска војна, којашто ја водеше неговиот татко царот Хирохито.

Во писмената изјава на својот 83-ти роденден, царицата Мичико изрази уверување дека годинешните нејзини патувања со царот Акихито ќе бидат последните во Јапонија и дека чувствува неизмерен мир поради тоа што Акихито остатоткот од животот ќе го мине во мир и тишина по годините царска должност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.