Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс

Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс, претседателски кандидат, и договори размена на питомци меѓу универзитетот Норвич и Воената Академија.

Воената академија и најстариот приватен воен универзитет „Норвич” од пролетниот семестар ќе започнат со реализација на проектот за размена на питомци. Тоа беше договорено на вчерашната средба на министерот Зоран Јолевски со претседателот на Универзитетот, ‎адмирал Ричард Шнајдер. На средбата министерот Јолевски изрази задоволство од досегашните контакти и соработка со универзитетот на кој досега имале можност да се школуваат студенти од Универзитетот „Св. Апостол Павле” од Охрид.

Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс
Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс

Министерот Јолевски на средбата ги презентираше и следните чекори за развој на Воената академија.

Имајќи предвид дека интероперабилноста со земјите на НАТО алијансата е исклучително важна, исто како и потребата од размена на студенти, мислења и искуства, од следната година на Воената академија дел од предметите во трета и четврта година ќе бидат предавани на англиски јазик. Со тоа ја отвораме вратата по еден семестар на Воената академија со свое образование да се стекнат и питомци и кадети од партнерските земји, рече министерот.

Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс
Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс

Претседателот Шнајдер посочи дека досегашното искуство од соработката со Македонија е исклучително позитивно и изрази задоволство што од идниот пролетен семестар двајца питомци ќе имаат можност да бидат дел од универзитетот „Норвич”. Во Универзитетот, министерот Јолевски оствари средба и со д-р Гујоу Хуанг, заменик-претседател за академски работи и декан, на која беа прецизирани деталите за новото ниво на соработка помеѓу Академијата и Универзитетот.

Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс
Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс

Во рамки на посетата на државата Вермонт, во текот на вчерашниот ден министерот оствари кратки средби со сенаторот Патрик Лејхи и сенаторот Берни Сандерс, кој е и претседателски кандидат во Соединетите Американски Држави. На средбите стана збор за соработката помеѓу Македонија и САД како и соработката помеѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт. Соговорниците заклучија дека местото на Република Македонија е во НАТО алијансата, за што Соединетите Американски Држави даваат целосна поддршка.

Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс
Јолевски во Вермонт се сретна со сенаторите Лехи и Сандерс

Министерот Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски вчера присуствуваа и на церемонијата за пензионирање на поранешниот командант на Националната гарда на Вермонт, генералот Мајкл Дуби. Во своето обраќање пред присутните министерот Јолевски посочи дека генералот Дуби е голем пријател и поддржувач на Армијата на Република Македонија.

Вие успеавте во голема мера да придонесете во развојот на меѓусебните контакти и за тоа сме Ви благодарни. Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт се партнери за пример. Вашето лидерство во оваа насока има непроценлив придонес кон нашите блиски врски, пријателски и партнерски односи, рече Јолевски.