Јотовски продолжува со победите во Грузија

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски забележа победа и во второто коло на третиот ИТФ фјучрс турнир што се одржува во Телави, Грузија.

Македонецот денеска беше поуспешен од Ариас Борис од Боливија со со 2-0.

Првиот сет Јотовски го доби со 6:4, а во вториот беше 7:5.

Јотовски на овој турнир е седми носител, а на претходниот минатата седмица го освои трофејот.