Јотовски се избори за четвртфинале на фјучрсот во Киш

Јотовски со голем скок на АТП листата во двојки

Најдобро рангираниот македонски тенисер, Томислав Јотовски избори пласман во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Киш, Иран.

Јотовски, кој е петти носител на турнирот во Киш кој се игра на земјена подлога, денеска го победи Холанѓанецот Марк Верворт, препуштајќи му само три гема (6:2 , 6:1).

Следниот противник на Јотовски ќе биде познат по мечот помеѓу Тони Андроиќ од Хрватска и Аркадиуш Коцила од Полска.