Јувентус побегна на четири бода предност пред Наполи

Во одложениот натпревар од 26-то коло на италијанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Јувентус во Торино ја победа Аталанта со 2:0,м одлепувајќи се од второпласираниот Наполи на четири бодови предност.

Како и што се очекуваше, торинската „Стара дама“ рутински стаса до победата, а головите во 12-та последователна лигашка победа и деветта без примен гол ја донесоа Гонзало Игуаин во 29 и Блез Матуиду во 81 минута.

Мечот меѓу Јувентус и Аталанта требаше да се одигра на 25-ти февруари, но беше одложен поради обилните снежни врнежи.

Јуве сега води на табелата со 74 бодови, четири повеќе од Наполи кој до пред две седмици беше водечки клуб, додека третата Рома има 56 бодови. Аталанта остана на осмото место со 41 бод.