Свет

„Јужен тек“ повеќе не е приоритетен проект за „Гаспром“

„Јужен тек“ повеќе не е приоритетен проект за „Гаспром“

Гасоводот „Јужен тек“ повеќе не е приоритетен проект за „Гаспром“ во било кои преговарачки процеси, пишува московскиот весник „Комерсант“, објави МИА.

„Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер смета дека западната рута т.е. гасоводот кон Кина, ќе проработи пред источната, а „Јужен тек“ не е приоритетен проект за „Гаспром“ во било кои преговарачки процеси“, пишува весникот во репортажа за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Кина.

Лидерите на Кина и Русија, Кси Џипинг и Путин потпишаа договор за енергетска соработка меѓу двете земји, меѓу другото и меморандум за разбирање за изградба на втор по големина гасовод за снабдување на Кина со руски гас – Западна рута.