Кабул се обидува да постигне мир со талибанците без посредство на САД

Претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи спроведува тајни преговори со претставници на талибанците со цел постигнување на мировен договор без посредство на САД, соопшти денеска „Интерфакс“, повикувајќи се на американскиот весник „Њујорк Тајмс“ , кој цитира анонимни авганистански и западни извори.

Според весникот преговорите започнале на иницијатива на талибанците во ноември 2013, кога односите на Кабул со западните партнери нагло се влошиле . Тајните контакти не придонесоа за никакви забележителни резултати досега , забележува весникот.