Камерун е тврд орев за Германија

Без победник, 2:2, заврши пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Германија и на Камерун.

Претставникот на Африка дојде во водство во 62 минута со среќниот погок на Ето, но за само 9 минути, Германија направи пресврт со погодоците на Томас Милер и на Андре Шурле.

Во 78 минута од натпреварот, во листата на стрелци се запиша и напаѓачот на германскиот бундеслигаш Мајнц, Чупо-Мотинг.

Два погодока, по еден во двете мрежи, беа постигнати на пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Франција и Парагвај.

Франција дојде во водство во 82 минута со погодокот на напаѓачот на Реал од Сосиедад, Антони Гиезман, а во самиот финиќ, во листата на стрелци се запиша и Виктор Касерес.

Репрезентацијата на Белгија ја оправда фаворитската улога во пријателскиот дуел против селекцијата на Шведска и сосема заслужено забележа триумф од 2:0, а минимална победа од 2:1, над националниот тим на Турција, забележаа репрезентативците на САД.