Камерун следен противник на Македонија

Познатата телевизиска станција Би-Би-Си, потврди дека учесникот на престојниот Мундијал во Бразил, селекцијата на Камерун ќе биде следниот противник на фудбалската репрезентација на Македонија.

Пријателскиот натпревар помеѓу овие две репрезентации ќе се одигра на 26-ти мај во Австрија, а Македонија ќе треба да ја „глуми” селекцијата на Хрватска која пак ќе му биде противник на Камерун во групната фаза на престојниот Мундијал во Бразил.

Ова ќе биде втор пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Камерун, а првиот, што беше одигран во Скопје заврши со минимален триумф на гостинот од 1:0.