„Капитол мол“ го слави првиот роденден – подароци и попусти за посетителите!

Не бидете изненадени доколку во текот на утрешниот ден забележете  мали впечатливи покани, во форма на “купон-подарок”.  Капитол мол го најавува првиот роденден на 12 декември, и притоа  информира за бројните подароци и попусти кои ќе бидат овозможени.

Сé што треба да се направи е на поканата да се напише денот на вашиот роденден, да се заокружи омилениот бренд во Капитол мол од каде сакате да добиете попуст или подарок и да дојдете во Капитол мол во месец  декември. Купон-подарок оставете го во големата кутијата-подарок  која ќе биде поставена во централниот хол во Капитол мол и на денот на вашиот роденден, оваа или следната година, да дојдете во Капитол мол за да го реализирате купонот.