Касано сака да биде дел од Мундијалот во Бразил

Најзаслужниот за последниот триумф во Милано, двојниот стрелец во дресот на Парма, Антонио Касано, јавно призна дека повторно да го облече репрезентативниот дрес на Италија и да биде дел од престојниот Мундијал во Бразил.

„Се колнам, сакам повторно да играм во дресот на Италија, сакам да бидам дел од Мундијалот во Бразил. Јас никогаш не сум бил дел од едно Светско првенство. Ќе дадам се од себе во преостанатите натпревари од актуелната сезона. Правам се што е во моја моќ за да му ја олесна одлуката на нашиот селектор, Чезаре Прандели. Во овој момент, не знам колкави ми се шансите за повторно да играм во дресот на Италија, но се надевам дека и јас ќе бидам во авионот кој ќе отпатува за Бразил. Си држам среќа”, изјави Касано.