Кејт го напушти Вилијам, нов кралски скандал на повидок?

Иако го очекуваат своето второ дете, Кејт и Вилијам се разделени и не живеат заедно, пишуваат американските таблоиди.

Како што известуваат таблоидите, Кејт живее кај нејзините родители во Беркшир, а принцот во Норфолк.

Како причина за оваа разделба тие ни наведуваат несогласувањата во кралското семејство.

Бидејќи принцот е во својата база во Норфолк, тие инсистирале војвотката да се врати во дворецот за да може да биде под нивна контрола.

Кејт не сака да се врати таму поради несогласувањата со Камила.

Дали ова е само уште еден трач произлезен од таблоид или вистина, не знаеме.

Останува да видиме како ќе реагираат Кејт и Вилијам на ова.