Кери: „Брегзит“ може никогаш да не се случи

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека одлуката од референдумот на Британците, нивната земја да излезе од Европската унија можеби никогаш нема да биде реализирана. Тој додаде дека и на официјален Лондон не му се брза да го напушти тој блок.

Кери, еден ден откако разговараше со британскиот премиер Дејвид Камерон, изјави дека британскиот премиер во заминување се чувствува „неподготвен“ да преговара за Брегзит, кој воопшто не го ни посакува, пренесува агенцијата „АФП“.

Ова е еден многу компликуван развод, изјави Кери на фестивалот „Aspen Ideas” зборувајќи за разминувањето на Британија и ЕУ после минатонеделниот референдум, на кој 52 посто од Британците гласале за излегување од Унијата.

Кери, кој во понеделникот го посети Лондон, изјави дека Камерон не е подготвен да го активира членот 50 од Договорот од Лисабон, со што ќе се започне процесот на излегување од ЕУ, за кој е предвиден рок од две години.

Британскиот премиер, како што наведува Кери, се „чувствува немоќно, што е и разбирливо, да започне преговори во нешто во што не верува и не знае како да го направи“.

А не знаат ни повеќето луѓе кои гласаа за излез, истакна американскиот државен секретар.

На прашањето на модераторот на панелот дали тоа значи дека одлуката за Брегзит може да биде повлечена, и ако може, како, Кери одговори: „Мислам дека има повеќе начини“.

Јас, како државен секретар, не би ги исфрлил уште денес. Мислам дека тоа беше грешка. Има повеќе начини одлуката да не се реализира, изјави Кери.

Официјален Вашингтон веќе долго време ја поддржува одлуката на своите британски сојузници во ЕУ, па одлуката на референдумот во Британија ги изненади.