Кери и Лавров во понеделник ќе разговараат за Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во понеделник ќе се сретнат во Женева за да разговараат за ситуацијата во Украина.

– Кери на 2-ри март би требало да престојува во посета на Женева на состанокот на Советот на ОН за човекови права, изјави портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

За време на патувањето тој исто така ќе се состане и со Лавров, а темата на нивниот разговор ќе биде, освен Украина, низа други регионални прашања од заеднички интерес, пренесуваат агенциите кои потсетуваат дека Кери пред неколку дена изјавил дека руските претставници го „лажеле во очи“ за улогата на Москва во конфликтот во Украина.

По состанокот со Лавров, Кери ќе разговара и со министерот за надворешни работи на Иран Џавад Зафира во склоп со разговорите за решавањето на ситуацијата околу иранската нуклеарна програма.

фото: newtelegraphonline.com