Ким Џонг-Ун ја повредил ногата, па затоа не се појавувал во јавност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун не се појавува во јавноста бидејќи ја повредил ногата за време на воени вежби, јавија западни медиуми повикувајќи се на извор близок до раководството на Северна Кореја, објави МИА.

Ким денеска не беше присутен на церемонија по повод 69-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија што дополнително подгреа спекулации за негова лоша здравствена состојба или политички промени во врвот на државата.

Во јавност Ким не е виден од 3 септември.

Изворот кој има пристап до севернокорејскиот државен врв тврди дека Ким гo повредил коленото и зголобот на ногата додека вршел инспекција за време на маневри во крајот на август.