Ким: Северна Кореја е подготвена за „секаква војна” со САД

Ким Jонг-ун денес изјави дека Северна Кореја е подготвена за „секаков вид војна, испровоцирана од американските империјалисти“.

Денес нашата партија решително соопштува дека нашите вооружени сили се способни да се справат со секаква војна, испровоцирана од САД. Подготвени сме да ги заштитиме нашиот народ и синото небо на нашата татковина, изјави Ким.

Неговиот говор беше емитуван во живо на севернокоирејската Централна телевизија. Воената парада во чест на 70-годишнината на владејачката партија не започна наутро, како и обично, туку околу пладне поради дождот.

Северна Кореја парада

Според податоците на руски медиуми на парадата учествувале најмалку 20.000 војници.

Севернокорејскиот лидер не спомна ништо конкретно за капацитетот на армијата, а само ги истакна посветеноста на партијата за подобрување на животот на народот.